Поврзете се со нас

Англија

Британците прашуваат: Дали веќе го видовме голот на сезоната во Англија? (Видео)

Објавено

на

Второто коло во Чемпионшип лигата донесе беше затворено со пресметка меѓу поранешните премиерлигаши Вест Бромвич Албион и Вотфорд, а англиската јавност по крајот на натпреварот, почна да поставува прашања дали уште во воведот го видовме голот на сезоната на Островот.

Вотфорд испадна од елитното друштво по катастрофалната сезона, но изненадувачки успеа да го задржи Исмаила Сар, фудбалер кој своевремено се поврзуваше и со најсилните тимови во Премиер лигата.

Сенегалецот својот последен гол го даде против Манчестер Јунајтед во 2021-ва година, но вчера го отвори контото во Чемпионшип со неверојатен гол.

Играчот за врска погоди од својата половина и го изненади домашниот голман Батон, потсетувајќи на легендарни мајстории од половина терен како оние на Дејвид Бекам и Вејн Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни