Поврзете се со нас

Боречки спортови

Британците не ѝ дадоа виза, па донесе медал од Хрватска

Објавено

на

Милијана Рељиќ освои бронзен медал на меѓународниот турнир во таекводно, „Кроација Г2 Опен“ во Загреб.

По неколкуте четврт-финални настапи на претходните „Г2 турнири“, организирани од Европската таеквондо федерација (на кои се собираат поени за светската и олимписката ранг листа), македонската претставничка Милијана Рељиќ конечно стигна и до подиумот. Во нејзината категорија (сениорки до 62 килограми) имаше конкуренција од 25 натпреварувачки. Мила со две победи над претставничките од Србија и Хрватска, стигна до полуфиналето каде беше поразена од минатогодишната европска шампионка Бруна Вулетиќ.

На турнирот во Загреб учествуваа натпреварувачи од повеќе од 70 земји, меѓу кои и од Канада, Бразил, Аргентина, Австралија, Јапонија, Мали, Израел и речиси сите европски земји.

Пред неполн месец на Отвореното првенство во Австрија, Милијана беше блиску до сензација односно победа над Ло Чиа Линг од Тајпеј, која освои бронза на последната Олимпијада во Токио.

Претходно, во месец мај, не ѝ беше одобрена британска виза за учество на Европското сениорско првенство во Манчестер, Англија, каде што се надеваше на нов успех.

Милијана е моментално во први 40 на светската таеквондо ранг листа за сениорки во категорија -62 кг во конкуренција на 450 имиња од цел свет.

Нејзиниот тренер Александар Ефтимов, во соопштението по овој повод напиша дека верува во Милијана и во нејзиниот капацитет за уште поголеми успеси. Тој очекува во иднина да донесат уште повеќе медали од големите меѓународни натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни