Поврзете се со нас

Формула 1

Британците најбрзи во квалификацииите на Силверстоун (ФОТО)

Објавено

на

Британските возачи доминираа на денешните Ф1 квалификациите во Силверстоун пред утрешната трка за Големата награда на Велика Британија.

Домаќините покажаа најмногу и во првиот ред ќе биде двоецот на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Расел потврди дека е во добар ритам и дојде до третата пол позиција во кариерата.

Зад Џорџ и поранешениот Ф1 шампион ќе биде уште еден Англичанец, Ландо Норис од Мекларен,

Водечкиот во генералниот пласман Ферстапен ќе тргне од четвртата позиција, а до десеттото место следуваат Пјастри, Хулкенберг, Сајнц, Строл, Албон и Алонсо.

Најголемо разочарување денеска беа Леклер и Перез кои ќе започнат од 11, односно 19 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни