Поврзете се со нас

Свет

Брилијантниот Кузмановски се најде во тимот на колото во Бундеслигата (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен ас, Филип Кузмановски одигра одличен меч во дресот на Хановер против Фуксе Берлин во првата германска лига.

Кузмановски беше автор на седум гола од осум погодоци од кои последниот беше во завршните секунди за израмнување на резултатот на 32-32 и голем бод за неговата екипа на пресметката во Берлин.

Оваа партија на бекот беше наградена, па Филип се најде во идеалниот тим на 27. коло во најсилниот германски шампионат. Покрај битолчанецот тука е голманот Мелер, на крилата се Ване и Линдберг, Пекер ја зазема позицијата на кружен напаѓач, а во надворешната линија друштво на Македонецот му прават уште Јепсон и Кристјансон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни