Поврзете се со нас

НБА

Брилијантниот Кари застана во редот со Џордан и Леброн, Голден Стејт го освои „Ти-Ди Гарден“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Голден Стејт Вориорс го возврати ударот и израмни на 2-2 против Бостон Селтикс во финалната серија во НБА лигата.

Клубот од Сан Франциско славеше во „Ти-Ди Гарден“ со 107-97 и на тој начин го врати брејкот, односно сега одново ја има предноста на домашниот терен што може да биде клучен фактор до крајот на оваа битка.

Првиот дел им припадна на домаќините, но во второто далеку подобри беа гостите кои уфрли 58 поени што беше повеќе од доволно да запишат триумф кој е од исклучително значање. Брилијантна партија имаше Кари со дабл-дабл од 43 поени, 10 скокови на кои придодаде 4 асистенции.

Со ова Стеф застана во редот со Мајкл Џордан и Леброн Џејмс на играчи кои со 34 години успеале да дадат 40+ поени во средба од финале во НБА лигата. Најголема поддршка за Стеф беше Вигинс со 17 поени и 16 скокови, Томпсон пак додаде 18 коеви.

Кај поразените Тејтум уфрли 23 поени, ама со слаб учинок од осум погодени шутеви од 23 обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни