Брилијантниот Асенхо со фантастична одбрана изнуди аплаузи на „Бернабеу“ (Видео)

ronaldo

Екипата на Вилјареал засега му одолева на Реал Мадрид на мечот кој се игра на „Сантијаго Бернабеу“, а за тоа најголема заслуга има голманот Серхио Асенхо кој денеска е фантастичен.

Тој имаше неколку одлични интервенции од кои најдобрата беше во финишот на првото полувреме кога спречи радост на домаќините при шутот на Кристијано Роналдо. „Кралевите“ во таа ситуација бараа удар од 11 метри поради прекршок над Португалецот, но главниот судија не се огласи.


Facebook Коментари