Поврзете се со нас

Формула 1

Бријаторе: Мислев дека нема да видам нeкој подобар од Шумахер, но…

Објавено

на

Флавио Бријаторе вчера наполни точно 70 години, а за време на прославата на својот јубилеј во доста чудни услови поради коронавирусот, легендарниот Ф1 работник прифати да одработи едно интервју за познатиот портал „Ф1 Инсајдер“.

Италијанскиот бизнисмен оствари големи успеси во „најбрзиот циркус во светот“ како тимски шеф на Бенетон и Рено, период од животот кој му овозможи да стане крајно популарен во мото-спортот и да стекне пријателства со огромен број професионалци кои своите најубави години им ги посветија на автомобилизмот.

Бријаторе има навистина големо си-ви во Формула 1 и се радуваше на шампионските титули и како член на Бенетон и како член на Рено, а тоа му го овозможија Михаел Шумахер и Фернандо Алонсо, возачи кои тој го смета за убедливо најдобри.

– Горд сум што можам да кажам дека работев со двјацата најдобри пилоти во нивната генерација. Мислев дека после Шумахер нема да имам некој подобар, но Фернандо беше најмалку идентично добар. Немаше никакви слабости во возењето, едноставно не можевте да му најдете никаква забелешка, – вели Бријаторе

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни