Формула 1
Бриаторе го најави враќањето на Алонсо и го објасни потегот на Ферари
Фернандо Алонсо е подготвен и мотивиран да се врати во Формула 1, тврди неговиот поранешен ментор и близок соработник, Флавио Бриаторе.
Во Ф1 кулоарите се шпекулира дека Алонсо веќе имал првични преговори со Рено, но францускиот тим се уште го нема донесено конечното решение за тоа кој ќе го замени Даниел Рикардо.
Од друга страна Бриаторе, само ги потврди информациите на медиумите.
– Фернандо е мотивиран, една година пауза во Ф1 му дојде одлично. Tој е детоксициран и мислам дека сега поспокојно го очекува враќањето за кое е подготвен, – вели Бриаторе.
Италијанецот го искоментирал и потегот на Ферари кој реши да се раздели со Себастијан Фетел и да го ангажира Карлос Саинц на неговото место.
– Во Формула 1 секогаш е најважно да го имате победничкиот рецепт. Мора да имате еден возач кој е фокусиран на освојување на првенството и друг кој ќе освојува многу поени, со кои ќе им прави штета на ривалите.
– Фетел ја плати цената што во Ферари стигна брзо момче, Леклер ги изненади сите, исто како што Хамилтон изненади во Мерцедес во 2007 година. Двајца возачи на исто ниво се ризик за создавање меѓусебна штета.
– Ситуацијата е јасна, Ферари има големи надежи во Леклер и тоа е добро, бидејќи уште минатата сезона се виде дека е многу брз. Веднаш може да препознаете идна ѕвезда, така беше и со Шумахер, па и со Алонсо. Веднаш може да препознаете некој специјален, а Шарл е таков, – вели поранешниот тимски шеф на Бенетон и Рено.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 22 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 20 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 21 час
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)