Бриаторе: Ферари не може да го победи Мерцедес со Раиконен

flavio-briatore

Флавио Бриаторе одреден период е далеку од Формула 1 шампионатот, но сосема логично, внимателно следи што се случува во најпопуларното автомобилистичко натпреварување во светот.

Поранешниот шеф на Рено со својата најнова изјава повторно го критикуваше Ферари, овојпат поради фактот што италијанскиот тим го испуштил Макс Ферстапен.

– Не знам што ќе направи Серџо Маркионе, бидејќи е тотално непредвидлив. Но, јасно е дека со возач како Раиконен не можеш да се надеваш дека ќе ја освоиш титулата кај конструкторите, за такво нешто ви се потребни двајца добри пилоти, а Ферари ги нема.

Бриаторе смета дека најголемата грешка на Ферари е што тие не ја искористиле шансата да го ангажираат Ферстапен кога имале можност за такво нешто, а наместо тоа се одлучиле за Раиконен кој често е критикуван од Италијанецот.

– Со затворени очи би го земал Макс Ферстапен. Тој е единствениот вистински возач кого публиката сака да го гледа, а неправедно е казнуван на секоја трка, – вели Бриаторе.

Facebook Коментари