Брестовац: Штета што во минатото не се форсирале млади играчи во националниот тим

brestovac-trening2

Македонската селекција славеше над Грузија во првиот контролен меч во Скопје или вкупно трет за нашиот националец состав во оваа ЕХФ недела.

Дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ го добивме со 25-21 со подобра игра во второто полувреме, игра од која е задоволен селекторот Данило Брестовац иако има забелешки за целиот настап.

– Промашивме многу зицери во првиот дел и дури осум во второто полувреме. Не ми е лесно, јас сакам да победувам, но морам да им дадем шанса на сите ракометари. Овие мечеви се закажани токму за овие млади играчи, да ги покажат квалитетите, да соберат искуство кое ќе биде драгоцено. Го завршивме мечот доста дисциплинирано, посебно поставата што го заврши натпреварот. Се обидов да извадам максимум од сите. Штета што во минатото не се форсирале вакви млади играчи во националниот тим, -порача Брестовац.

Оваа ЕХФ недела ќе ја завршиме со уште еден меч против Грузијците во Скопје.

Facebook Коментари