Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац: Промената боли, и мене ми е срам да губам 20 разлика

Објавено

на

Македонската репрезентација на досегашните четири натпревари на мундијалот во Египет забележа само една победа над Чиле и дури три порази против Словенија, Египет и Шведска кои беа изразени со двоцифрена разлика.

Секако поради играта, настапот има критики за репрезентацијата, за предводникот Данило Брестовац кој се одлучи да одговори и посочи дека во моментов тоа е реланоста.

-Постојано слушам критики, меѓутоа никој не сака да си погледне во очи, ние немаме играчи. Како јас да земам некој што во домашното првенство, неговиот клуб го става во Б-тим и зема странци? Играат во плеј-аут и одново ангажираат странци. Тие истите сакаат да ги земам нивните играчи во репрезентација?

-Потоа на крајот виновна е федерацијата или јас. Мора да се грижиме за нашите играчи кои играат во домашните првенство. Ова треба да биде главна задача за мене или на следниот селектор. Еве пример доаѓа од Вардар, читам го носат Ѓукиќ. Зошто не му даваат шанса на Џомба и на Јагуриновски. Јас на реалноста и гледам со очи. Мислите дека со најсилен состав ќе победувавме? Не, повторно ќе бевме поразени со три-четири разлика. Без Столе, Кире, Пешевски и Митревски ќе биде уште потешко, полошо ако не се грижиме за нашите играчи, -вели Брестовац кој уште посочи дека физичката подготвеност на играчите не е на соодветното ниво за ваков турнир.

-Кај повеќето играчи се чувствува дека имаат многу малку натпревари оваа полусезона, тоа е евидентно. Не може да напаѓаат квалитетно, не се агресивни, им треба одмор и затоа одиме со повеќе ротации. Играме со квалитетни противници. Мора да ротираме, да ја прошириме клупата, промената ќе боли, меѓутоа… И на мене ми срам да губам со 20 разлика, ама се обидувам нешто да направам, -порача селекторот.

Утрешен ривал на „црвено-жолтите“ е Русија со која играме во попладневниот термин 15:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни