Брестовац направи три промени во составот за пресметката со Грција

brestovac-trening

Македонската ракометна сениорска репрезентација утре со пресметката против Грција во Струмица ги завршува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Ова е дуел на кој нашата селекција со позитивен резултат ќе го потврди првото место на табелата, односно ако дојде до истиот ќе им се реваншира на Грците за шокантниот пораз од првата средба. Утрешниот дуел се игра од 18 часот, а пред истиот селекторот Данило Брестовац направи три промени во составот во однос на претходниот натпревар одигран против Турција.

На местото на повредениот Стојанче Стоилов ќе настапи Горан Крстевски, Милорад Кукоски ќе биде заменет од Дарко Димитриевски, додека пак Мартин Серафимов ќе добие шанса на сметка на Томислав Јагуриновски.

Facebook Коментари