Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац направи промени во составот за дуелот со Русија

Објавено

на

Нашата ракометна репрезентација ја очекува нова битка на мундијалот и тоа против селекцијата на Русија.

„Црвено-жолтите“ ќе се обидат со добра игра како во одбраната така и во нападот да направат изненадување против „зборнаја“ која е фаворит на натпреварот во Каиро. Македонскиот селектор Данило Брестовац направи две измени за оваа битка, па така местата на Марио Танкоски и Мартин Велковски ќе ги заземат Михајло Младеновиќ и и Дарко Георгиевски.

Ова за Младеновиќ е прва можност за настап, поточно ако добие минутажа ќе дебитира на Светските првенства. Кога е во прашање Георгиевски тој веќе играше, па ова е негово враќање во составот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни