Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац: Македонецот не е научен да создава, сака резултат преку ноќ

Објавено

на

Нашата најдобра ракометна репрезентација со висок пораз од Шведска од 32-20 го отвори Светкото првенство кое се одржува во Египет.

Националниот тим беше надигран од Швеѓаните кои пак одиграа квалитетно, паметно во двата правци на теренот, максимално ги користеа сите наши грешки и заслужено дојдоа до триумф со двоцифрена разлика. Овој настап секако донесе многу реакции во домашната јавност, не порази поразот туку пред се поради играта и начинот на кој Македонија се претстави во првата средба на мундијалот.

Селекторот Данило Брестовац призна дека не очекувал вакво издание, но воедно уште еднаш посочи дека ова репрезентација е во создавање и дека допрва треба да се очекуваат резултати.

-Поразот како пораз не боли толку, но ова што ни се случи на нас беше дебакл. Тешко ми беше по натпреварот, бидејќи ова не го очекував. Ова е селекција во создавање, финалната глазура треба да ја има на наредното ЕП, -вели Брестовац кој смета дека не може преку ноќ да се дојде до резултати.

-Сите се нестрпливи, сакаат успех на кратки патеки. Македонецот не е научен да создава, сака резултат преку ноќ. Потребно е време. Мојот договор е на три години, ми тече втората, пробуваме нови работи, вчера имавме добри работи со новите крила. Против Шведска потфрливме во играта еден на еден, два на два. Моите играчи можат многу повеќе, ова не е клише. Создаваме репрезентација што ќе игра во наредните 15 години. Ова се квалитетни момци. Има обвинувања оти не се добри, ама тоа се празни муабети од ракометни лаици, -порача предводникот на „црвено-жолтите“.

Македонија денеска има слободен ден, утре пак следи соочување со Египет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни