Брестовац ќе тестира и експериментира со млади играчи на „Трофеј Карпати“

Brestovac-Island

Данило Брестовац најави дека одново ќе тестира и ќе експериментира со млади играчи на претстојниот турнир „Трофеј Карпати“ кој ќе се одржи во Романија, а ова попладне добивме потврда за тоа со листата која ја објави.

Македонскиот селектор ќе отпатува во Романија со 19 ракометари, меѓу кои претежно се играчи кои допрва треба да се докажуваат и да се изборат за репрезентативен статус. Од поискусните и стандардните, во ростерот се само Никола Митревски и Велко Маркоски, што јасно става до знаење дека Брестовац не гледа на овој турнир како сериозна подготовка за Европското првенство.

Само за потсетување, пред „Трофеј Карпати“ кој стартува на 28-ми, ќе одигра и два пријателски натпревари со селекцијата на Кувајт во Србија.

 

igraci-karpati

Facebook Коментари