Брестовац: Имаме уште многу работа, денеска пресуди…

brestovac

Ракометарите на Металург загубија од Спортинг со 31-24 на денешниот меч во Лигата на шампионите. Меѓутоа без разлика на негативниот резултат тренерот Данило Брестовац даде позитивна оценка за настапот иако јасно ја посочи причината за поразот во „Борис Трајковски“.

-Честитки за Спортинг, посебно за Скок кој беше одличен. Не не надиграа, во овие два дена добро се подготвивме за мечот. За мене Спортинг има една од најубавите игри во нашата група во ЛШ. Нашиот проблем беше реализацијата. Млада екипа сме, мора да бидеме агресивни во одбраната. Пресуди реализација која беше на очајно ниво во второто полувреме. Четириесет и пет минути игравме меч со висок ритам и држевме контрола. Имаме уште многу за работа, -истакна Брестовац.

Facebook Коментари