Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац го воочи сегментот кој направи главна разлика против Словенија и заклучи: Резултатот не е реален

Објавено

на

Фото:РФМ

Слично како и Мартин Томовски, селекторот Данило Брестовац беше разочаран од конечниот исход на натпреварот против Словенија во главата фаза на Светското првенство во Египет, или поточно, на официјалната прес-конференција нагласи дека неговите избраници не заслужиле пораз изразен со десет голови разлика.

Македонија беше подобар тим на теренот во првите десетина минути и на моменти имаше и два голови предност, но сепак успеаваше да му парира на фаворитот до 20-та минута од средбата, по која настана падот и редењето на техничките грешки кои селекторот Брестовац ги посочи како главна разлика на натпреварот.

Словенците како далеку поискусни ракометари ги искористи грешките и брзоплетите реакции на младите македонски ракометари, па на крајот стигнаа до високи 31:21 кои сепак не ја даваат реалната слика за тоа што се случуваше на теренот.

– Го почнавме натпреварот како што сакавме, бевме одлични во најголем дел од првото полувреме, но нашите грешки на крајот ја направија главната разлика на теренот.

– Резултатот не е реален, техничките грешки по првото полувреме ја направија разликата, сметам дека заслуживме да претрпиме подостоен пораз. Имавме добри и лошо моменти, а во вториот дел игравме и со многу ротации. Веруваме дека ќе бидеме подобри на следните два натпревари, – изјави Брестовац.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни