Брестовац го објави конечниот список на патници за ЕП (ФОТО)

Brestovac-Island

Селекторот на македонската машка ракометна сениорска репрезентација, Данило Брестовац со соопшти списокот на ракометари на кои ќе смета на престојното Европско првенство кое се игра во три земји, Австрија, Шведска и Норвешка.

На листата се 18 играчи, а последен кој отпадна од списокот беше Никола Костески од ППД Загреб, односно пред него на десната крилна позиција шанса ќе добијат Гоце Георгиевски и Мартин Поповски од суперлигашот Пролет.

Да потсетиме Македонија во првата фаза ќе ги одмери силите со Украина која е прв наш противник, Чешка и домаќинот Австрија.

spisok

Facebook Коментари