Поврзете се со нас

Репрезентација

Брестовац дополнително повика три клучни репрезентативци и очекува расплет од Чешка

Објавено

на

Македонија како прва резерва на мундијалот закажа два натпревари против селекцијата на Чиле, а откако првиот го добивме со 25:21 во Скопје, во пресрет на вториот дуел, селекторот Данило Брестовац повика уште три важни ракометари, најверојатно инспириран од неизвесната ситуација во селекцијата на Чешка од која сите чекаат расплет.

Чесите пријавија голем број на заразени ракометари од Ковид 19 и тоа им создава огромни проблеми пред Светското првенство, а пред да донесат конечна одлука со каков тим ќе патуваат и дали воопшто ќе отпатуваа за Египет, доста раздвижено е и во нашата репрезентација.

Со оглед на неизвесноста, Брестовац одлучи да не остава ништо на случајноста, па во пресрет на вториот натпревар со Чиле кој се игра задутре во „Јане Сандански“, повика три важни ракометари од првиот тим кои првично добија поштеда.

Стојанче Стоилови, Дејан Манасков и Никола Маркоски во продолжение треба да им се приклучат на останатите ракометари по добиените резултати од направените Ковид тестови, а иако бил повикан и Гоце Георгиевски, тој не одговорил позитивно бидејќи се уште се опоравува од прележаниот коронавирус.

Иако селекцијата беше драстично подмладена, од претходно повикан беше капитенот Кире Лазаров, па Брестовац очигледно сака да тренира со сите најдобри ракометари пред да дознае дали Македонија како прва резерва ќе отпатува за Египет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни