Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац: Денеска игравме за победа, но проблемите си го направија своето

Објавено

на

blank

Македонската ракометна репрезентација го заврши својот настап на прескромното Светско првенство кое го одигра, а кое ќе остане запаметено и по нашиот најслаб пласман во историјата на мундијалите, за кој дополнително ќе почекаме за да видиме на кое место ќе завршиме (не можеме да бидеме подобри од 21-то место).

Избраниците на Данило Брестовац денеска одиграа навситина коректно прво полувреме и дефинитивно најдобро на мундијалот во Египет, но во вториот дел одново имаше пад и по изедначените 14:14 по првите 30 минути, Белорусите брзо отидоа на плус четири и тоа водство го одржуваа до самиот крај за конечни 30:26.

Македонија можеше да се надева и на малку подобар пласман во конечниот поредок доколку денеска успееше да оствари прва победа во главната рунда, но на крајот остана само на оној триумф од воведната фаза против Чиле, па сега доста обесхрабрено ќе се следат утрешните натпревари по кои ќе се знае кое место ни припаѓа.

Што се однесува до денешниот натпревар, селекторот Брестовац се пожали дека повредите на играчите го оневозможиле тимот да се бори и во второто полувреме, нагласувајќи дека воопшто не размислувал на конечниот пласман.

– Натпреварот беше навистина тежок за двете репрезентации, но ние направивме многу грешки во второто полувреме. Проблемите со повредите си го направи своето и тоа е една од причините поради која загубивме во второто полувреме. Денеска игравме за победа, сакавме да победиме, не мислевме и не не интересираше конечниот пласман на мундијалот, – кратко изјави Брестовац на пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни