Брестовац дебитираше со реми против Белорусија

kadeti

Машката кадетска ракометна репрезентација одигра без победник против Белорусија (27-27) на првиот меч на турнирот во Плоцк, Полска.

Во дебито на клупата на Данило Брестовац нашите надежи имале две различни полувремиња, првите 30 минути им припаднале на Белорусите со 14-9, додека пак во вториот дел ние сме се покажале во подобро светло и сме биле многу поквалитетни, ефикасни на теренот.

Утре наш противник е домаќиниот Полска кој денеска славеше над Чешка со 32-26.

Facebook Коментари