Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац: Чиле е позитивен знак, сакам да наметнеме борбеност и дисциплина

Објавено

на

Македонија со триумфот над Чиле победнички ја заврши првата фаза и обезбеди пласман во главната рунда на 27. Светско првенство.

Сега следуваат нови три дуели против Словенија, Русија и Белорусија, а селектор Данило Брестовац се надева дека на истите ќе покажеме поголема борба, напредуваме и направиме исчекор плус во однос на битката со Чилеанците.

-Ќе бидам искрен, не се сомневав дека ќе го победиме Чиле. Малку се исплашив поради онаа тимска реакција на првите две средби, ама овој натпревар беше сосема поинаков, одигравме добро, потпрени на постарите ракометари и на голманите. На крајот кога се ќе се собере, ова беше тимска победа во која секој си го даде оптимумот, не велам дека е максимум. Драго ми е и што јавноста почна да им верува на одредени играчи, на пример Костески во кого на ова СП може да добиеме крило за наредните десет години, -вели Брестовац кој се надева неговите избраници ќе одиграа уште подобро на наредните три средби од главната фаза.

-Чиле може да биде позитивен знак, да направиме чекор напред, па во следните три меча да влеземе порастоварено, да играме без голем притисок. Сакам да се наметнеме со некој квалитет, борбеност и дисциплина и да покажеме повеќе елементи во играта. Овие играчи имаат мала минутажа во клубовите, носат позитивен притисок затоа што играат за репрезентацијата, мора да бидеме и потрпеливи. Македонскиот ракомет се наоѓа во специфична ситуација, -порача македонскиот селектор.

Првиот меч за „црвени-жолтите“ во главната фаза е против Словенија е утре од 15:30 часот во Каиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни