Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Бресел за снукер историја: Победа над Селби за прв трофеј за континентална Европа во „Крусибл“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WeAreWST

Лука Бресел фуриозно го одигра целото Светско снукер првенство во „Крусибл“ и на крајот заслужено стигна до својата прва титула на најпрестижниот турнир во овој спорт.

Белгиецот го совлада Марк Селби во финалето со 17:15, спречувајќи го англискиот маестро да стигне до својата петта титула во шестото финале во кое се појави, a тој стана само четвртиот небритански шампион во историјата на турнирот.

Бресел на патот до финалето го победи екс шампионот Марк Вилијамс и го разоружа и претходниот шампион Рони О’Саливен, а во полуфиналето направи сензација откако од негатива 5:14 во дуелот со Си, стигна до победа од 17:15 и го направи најголемиот пресврт во историјата на „Крусибл“.

Во финалето имаше постојано водство, Селби во првиот дел се приближи најмногу на 9:8, но денеска во првата сесија, Лука возврати со четири фрејмови по ред за 13:8. Водството од 16:10 ветуваше мирен финиш за Белгиецот, но Селби покажа дека му треба малку за да се врати во игра и освои пет фрејмови по ред за 16:15.

Сепак, тоа беше негов последен блесок во финалето, бидејќи противникот ги доби следните два фрејма за конечни 18:15, со што Бресел стана прв победник на турнирот од континентална Европа.

Доволен показател за напредокот на новиот 28-годишен шампион е и фактот што на досегашните пет учествува на овој турнир немаше ниту една победа во „Крусибл“ во Шефилд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни