Поврзете се со нас

Македонија

Брера Струмица со засилување и во стручниот штаб: Тренерот Круљ доби сонародник за помошник

Објавено

на

Екипата на Брера Струмица активно се подготвува за новата сезона во ПМФЛ, а освен на играчки план, се екипира и во стручниот штаб.

Од клубот вечерва информираа дека добиле нов помошник тренер кој ќе му асистира на првиот стратег Круљ.

-Шефот на стручниот штаб на нашиот прв тим Бојан Круљ од денеска доби нови помошник. Станува збор за 33 годишниот Милош Поповиќ од Србија кој има работено во сите категориии на Бродарац во Србија. Тој не го криеше своето задоволство што ќе биде помошен тренер на клуб кој силно одекнува на балканските простори и кој оваа сезона има високи амбиции, порачаа од таборот на струмичани.

-Навистина сум изненаден од одличните услови за работа овде на комплексот на Бреера односно на СЦ Пандев. Паралелно се запознав и со претседателот на клубот Горан Пандев кој остави печат и белег со својата игра во фудбалската историја. Како човек ми остави силен впечаток и добив дополнителна мотивација да се вложам во клубот со Бојан Круљ кој одлично го познавам. Мислам дека ќе се надополнуваме бидејки му ја знам работата на Круљ и ќе дадам се од себе да напредуваме како тим како клуб за да ги исполнниме зацртаните цели за оваа сезона кажа Поповиќ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни