Поврзете се со нас

Македонија

Брера Струмица го договори и дефанзивецот Де Паула

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Брера Струмица продолжува да влече потези на пазарот иако генералниот директор на клубот Јован Симиќ порача дека Урош Стамениќ треба да биде последно засилување за прволигашот.

Сепак Симиќ остави простор од 1 процент за некое ново име, па тој простор беше искористен за ангажман на 23-годишниот Мартинс Де Паула Кауан.

Се работи за бразилски дефанзивецот на кого последниот ангажман му бил во Транс Нарва од Естонија.

-Одличен прием и се надевам дека ќе имаме одлична соработка и во иднина. Ќе дадам се од себе за да ја исполниме зацртаната цел за ова полусезона. Сакам да помогнам и да постигнеме добри резултати за да можеме како Брера да бидеме повисоко на прволигашката табела, -истакна Бразилецот.

Претходно македонскиот прволигаш се засили со Даниел Миловановиќ, Ибрахим Олаосебикан, Лука Георгиев, Џорџе Ивковиќ,  Зоран Андонов, Драган Стојков и Урош Стамениќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни