Поврзете се со нас

Македонија

Брера Струмица експресно ја пронајде замената за Алчевски – пристигна од Брегалница

Објавено

на

Брера Струмица вечер потврди дека нивниот досегашен прв голман, Марко Алчевски се сели во израелската Премиер лига каде од следната сезона ќе го носи дресот на Хапоел Ерусалим.

Струмичани реагиира експресно брзо и веќе денес ја ангажираа неговата замена.

-Мартин Давков од Штип ќе биде член на голманскиот таандем на нашиот тим за новата сезона. Давков кој лани беше чувар на мрежата на Брегалница Штип се сели во Струмица и веќе се приклучи на сениорите во подготвителниот процес.

25 годишниот Мартин во својата кариера освен за Брегалница бранел и за Тиквеш и Пехчево. Во последната сезона за штипскиот состав бранеше во 21 натпревар Давков добредојде и многу успех!!, посочија од таборот на Брера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни