Поврзете се со нас

Англија

Брентфорд со нова „четворка“ го потопи Лестер на „Кинг Пауер“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Фудбалерите на Брентфорд забележаа убедлива победа над Лестер со 4-0 во премиерниот натпревар од 26. коло во ангиската Премиер лигата.

Избраниците на Франк им одржаа нова лекција на „лисиците“ на кои им дадоа четири гола и во првата пресметка во оваа сезона (4-1). Сега клубот од Лондон го суреди Лестер на негов терен на „Кинг Пауер“ и тоа во дуел во кој веќе по 32 минути игра водеше со 3-0.

Виса, Мбуемо и капитенот Норгард стрелаа за убедливо водство кое беше активно до 89 минута кога резервистот Карваљо го постави конечниот резултат.

Брентфорд сега има 37 бода и е на средина на табелата, четата на Ван Нистелрој со 17 поени е на 19 позиција која води во Чемпионшип.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни