Поврзете се со нас

Англија

Брентфорд го истрола „глумецот“ Хаверц на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Каи Хаверц постигна клучен гол за победа на Арсенал на тешкиот натпревар против Брентфорд, а гостите имаа големи забелешки за судиите по крајот на мечот, особено поради тоа што сметаа дека Германецот воопшто не требал да биде на теренот кога стрелаше во мрежата.

Офанзивниот фудбалер на Арсенал доби жолт картон во првиот дел и ризикуваше втор на стартот на вториот, но судиите го поштедија и покрај тоа што презентираше очигледна глума.

За симулирање на клучни прекршоци, во случајот пенал, новите правила во Англија велат дека се добива жолт картон, а истиот требаше да биде втор за Хаверц.

Менаџерот Томас Франк по поразот од 2:1 посочи дека Хаверц морал да биде исклучен во воведната фаза од вториот дел, но протестите од Брентфорд продолжија и денеска, и тоа во вид на исмевање на социјалните мрежи.

Клубот објави видео на Тик-Ток од театралниот пад на Хаверц, јасно потенцирајќи ја срамната глума за која мина без казна.

@brentfordfc

😳

♬ original sound – *ੈ✩‧₊˚

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни