Поврзете се со нас

Италија

Бремер: Мота можеше да направи големи работи во Јувентус

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус одлучи да се раздели со тренерот Тијаго Мота и да ја заврши тековнава сезона со нов предводник во името на Игор Тудор.

„Старата дама“ доживеа два тешки порази во низа од Аталанта и Фиорентина, но првите изјави беа дека Мота и понатаму ја има поддршката од управата за да набрзо потоа работите се променат, отидат во друг правец и некогашниот италијански репрезентативец заработи отказ од клубот во кој пристигна минатото лето.

Дел од информациите се дека Мота ја загубил соблекувалната, меѓутоа не сите играчи го делат тоа мислење и потврда за тоа е последната изјава на дефанзвецот Глеисон Бремер.

-Жал ми е за Тиаго Мота, тој беше добар тренер за мене. Тој можеше да направи големи работи, за жал вака се одвиваше, и тоа е тажно, -вели Бремер кој вече разговарал и со Тудор.

-Разговарав со Тудор денеска, задоволен сум од она што го рече. Тој ме праша како сум, реков дека е уште рано, но тука сум да го бодрам тимот и се надевам дека со нив ќе го прославам пласманот во Лигата на шампионите, -истакна Бразилецот кој закрепнува по тешката повреда на коленото.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни