Поврзете се со нас

Италија

Бремер испрати порака по разочарувачките резултати од деталните прегледи на коленото

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус ја потврди најлошата можна вест за повредата на Глеисон Бремер, сценарио кое се насетуваше уште синоќа по начинот на кој Бразилецот го напушти теренот во Лајпциг.

Стоперот се повреди во воведните минути на средбата од Лигата на шампионите и веднаш беше повлечен од игра, а денеска ги направи деталните прегледи кои потврдиле повреда на вкрстените лигаменти на коленото.

Ова е голем шок за Бремер кој одлично ја почна актуелната сезонава, но и за тренерот Тиаго Мота кој остана без првата опција во одбраната најмалку наредните шест месеци

Јувентус објави дека Бремер деновиве ќе биде опериран, по што ќе започне долгиот процес на рехабилитација, а дефанзивецот денеска испрати порака откако ги дозна резултатите од прегледите.

– Тешко е да се најдат вистински зборови во вака тежок момент, за жал резултатите од тестовите се најлоши. Ова е предизвик со кој ќе се соочам со најголема мотивација, ќе биде можност да напредувам, да се подобрам и да се вратам посилен. Сега ме очекува долга рехабилитација, но тука ќе биде поддршката на соиграчите и клубот, – напиша Бремер во дел од својата порака преку социјалните мрежи.

Повреда на вчерашниот дуел заработи и Нико Гонзалес. Аргентинецот помина полесно, односно со мускулна повреда и веројатно ќе надвор од терените наредните неколку недели.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни