Американски спортови
Брејди не размислува за пензија, го продолжил договорот со Тампа Беј
НФЛ легендата Том Брејди не планира да се пензионира, а тоа го докажа со продолжувањето на договорот со неговиот актуелен тим Тампа Беј.
Брејди неодамна го освои првиот „Супер Боул“ со Баканирс и постави нови рекорди, а неговиот клуб објави дека тој ќе остане во Тампа најмалку до сезоната во 2022 година, кога веќе ќе биде на 45-годишна возраст.
Триумфот над Канзас Сити значеше дека Брејди стигна до седмиот трофеј во престижната НФЛ, но тој веќе најави дека оди и на осма, мотивирајќи го клупското раководство да работи на задржување, па и засилување на тимот.
Баканирс не објавија на колку години потпишала првата ѕвезда, но потврдија дека ќе остане во тимот и по 2022 година.
Заедно со дваесетте сезони минати во Њу Ингланд Патриотс, Брејди има најмногу тачдаун додавања во историјата на НФЛ, три пати е избран за МВП на лигата и пет пати за МВП на „Супер Боул“.
-
АТПпред 18 часа
Медведев со невкусен коментар за тенисот како спорт: Ракети одат во вселената, а ние…… (Видео)
-
Шпанијапред 6 часа
Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео)
-
Англијапред 21 час
Уште еден премиерлигашки клуб заврши со казна и одземени бодови, битката за опстанок станува „пеколна“ (Фото)
-
ВТАпред 5 часа
Трагедија во Белорусија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Ачерби се огласи за расистичкиот скандал кој предизвика потрес во Италија: Знам што сум кажал на теренот
-
НБАпред 20 часа
Невидена сцена во НБА лигата: Блек и Дик ги разменија дресовите и режираа циркус за паметење (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ѕвездите на Реал влегоа во клинч, Љуљ со еден потег покажа лидерство (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Германски бундеслигаш го прозва Пике: Нека дојде и да видиме дали ќе го промени мислењето (Видео)