Поврзете се со нас

Американски спортови

Брејди ја потврди одлуката, НФЛ остана без најголемата ѕвезда

Објавено

на

Неколку блиски луѓе се обидоа да демантираат дека е донесена одлука, но Том Брејди и дефинитивно реши да ја заврши својата успешна НФЛ кариера.

Денеска, самиот Брејди преку социјалните мрежи потврдил дека се повлекува од досегашните професионални обврски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Brady (@tombrady)

По 22 години во НФЛ и голем дел од нив како прва ѕвезда на лигата, Брејди донел одлука за заслужена пензија, во која заминува со неверојатни седум шампионски прстени.

Легендарниот квотербек ќе ја заврши кариерата како играч на Тампа Беј и сопственик на голем број рекорди, кои веројатно долго ќе останат како предизвик за следните генерации во американскиот професионален фудбал.

Брејди најголем дел од кариерата ја мина како лидер на Њу Ингланд, а во 2020 година се пресели во Тампа Беј, екипата со која ја освои и последната Супер-Боул титула.

Сезонава неговиот тим беше елиминиран од Лос Анџелес Рамс и нема да може да се бори за нова титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни