Поврзете се со нас

Англија

„Брегзит“ носи сериозни последици во Премиер лигата: Клубовите ги дознаа новите правила за трансфери!

Објавено

на

По истекот на транзицискиот период, „Брегзитот“ и официјално ќе стапи на сила на 31-ви декември и Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија, операција која ќе предизвика и огромни промени во спортска смисла, или поточно, ќе донесе радикални промени во извршувањето на трансфери во Премиер лигата.

Фудбалската Асоцијација на Англија доцна синоќа ги објави строгите ограничувања кои ќе ги имаат англиските премиерлигаши со почетокот од 31-ви декември, а кои ќе се активираат веднаш, односно со стартот на јануарскиот преоден рок.

Големите клубови од Островот во изминатите неколку сезони се истакнаа како најголеми „трошачи“ во светски рамки и беа доведени огромен број странски фудбалери, но со новите рестрикции кои стапуваат со „Брегзит“ правилата во англискиот фудбал, целта е поголема шанса да им се даде на домашните играчи од Британија.

Со новите правила кои стапуваат на сила од 1-ви јануари, англиските клубови нема да смеат да купуваат талентирани играчи помлади од 18 години од други земји, а за останатите фудбалери, пред да се официјализира трансферот, ќе биде потребно да се издаде работна дозвола.

Пост „Брегзит“ периодот ќе ги задолжи клубовите да обезбедуваат работна дозвола за странските фудбалери кои доаѓаат од Европската унија и останатиот свет, со тоа што ќе биде имплементиран систем базиран на поени со кој работна дозвола полесно ќе добиваат фудбалери кои имале сениорски или јуниорски настапи за репрезентацијата, доаѓаат од елитен клуб, или играле во елитна лига во Европа.

– Клубовите нема да бидат во можност комотно да купуваат фудбалери од Европската Унија. Играчи од Европската Унија кои сакаат да играат во Премиер лигата или останатите лиги во Англија, ќе мора да добијат британска работна дозвола. Играчите кои ќе соберат потребен износ на поени автоматски ќе добијат работна дозвола. Ваквиот систем ќе им овозможува лесна работна дозвола на најдобрите играчи и најголемите таленти од останатите клубови, но исто така, ги заштитуваме и нашите млади фудбалери кои ќе имаат загарантирано повеќе шанса, – гласи соопштението на ФА.

Покрај тоа што клубовите веќе нема да можат да купуваат играчи под 18 години, ќе можат да купат само три играчи под 21 година во јануарскиот преоден рок, или шест во една цела натпреварувачка сезона.

– Овие правила ќе бидат имплементирани во јануарскиот преоден рок во 2021-ва година, а дополнително ќе бидат ревидирани летото 2021-ва година, – се додава во соопштението на ФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни