Поврзете се со нас

Македонија

Брегалница ја заврши соработката со седум фудбалери

Објавено

на

Екипата на Брегалница стави крај на соработката со седум играчи.

Клубот од Штип иако имаше високи амбиции ја заврши оваа сезона на седмата позиција на табелата со освоени 45 бода што секако не е она што се очекуваше, па затоа ќе има промени во играчкиот кадар.

Голманот Илче Петровски, дефанзивците Наумче Бакрачески, Филип Миленковски, Хрватот Диего Живулиќ како и Владимир Дујовски, Бобан Георгиев и Кристијан Ацковски повеќе не се членови на македнскиот прволигаш.

-Секој од фудбалерите со кои ја завршуваме соработката силно е врежан во историјата на клубот. Затоа искрено им заблагодаруваме на досегашниот нескриен придонес за резултатите и развојот на клубот, притоа посакувајќи им многу среќа и здравје низ натамошниот дел од кариерата, -истакна за официјалната веб страна спортскиот директор Никола Тонев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни