Поврзете се со нас

Македонија

Брегалница ја неутрализираше Шкендија, Силекс го стигна тетовскиот клуб

Објавено

на

Силекс славеше со убедливи 1:4 на гостувањето кај Победа и на најдобар начин го искористи ремито на Шкендија во Штип. Во Скопје, Македонија Ѓорче Петров не дозволи грешка во дуелот со Тиквеш и славеше со убедливи 3:0.

Силекс имаше водство на полувреме против Победа, но домаќините се вратија во игра со израмнувањето во 64. минута. Сепак, гостите од Кратово до крајот ја покажаа разликата во квалитет и со три гола ги потврдија трите бода на оваа средба.

Брегалница освои бод во дуелот со Шкендија, откако на стадионот во Штип не беше постигнат гол за реми 0:0.

Со ваков епилог, Силекс стигна до 32 бода и се израмни на третото место со Шкендија, а двете екипи се на минус седум од лидерот Струга.

Македонија со денешната победа стигна до 24 бода, колку што има и градскиот ривал Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни