Поврзете се со нас

Македонија

Брегалница и Ренова одиграа атрактивен меч во Скопје, Шкупи продолжи да ја зголемува предноста

Објавено

на

Поради санација на теренот во Штип, Брегалница денеска беше домаќин на Ренова во Скопје, или поточно на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од комплексот на ФФМ.

Штипјани водеа со 2:0 благодарение на двата гола на Дамјановиќ, но останаа со два играчи помалку во чувствителен момент од натпреварот и тоа на крајот скапо го платија.

Ренова намали на 2:1 со погодокот на Шефити кој мајсторски погоди од дистанца, а потоа Селамни од белата точка израмни на 2:2 и се избори за бод за „гипсарите“.

На останатите средби, Шкупи со доста мака го скрши отпорот на Тиквеш и славеше со минимални 1:0 благодарение на голот на Радески, додека во Скопје се играше и уште еден меч, оној меѓу Македонија Ѓорче Петрови и Пелистер. „Лавовите“ победија со 2:0, а стрелец на двата гола беше Емини.

Најневозбудливо беше во Тетово каде Шкендија не успеа да го урне отпорот на Борец (0:0), по што Шкупи има дури 13 бода предност на првенствената табела како сигурен лидер.

На последниот меч денеска, Скопје ја победи Академија Пандев со пресврт во Струмица, а интересно и на овој меч имавме двоен стрелец. Игнатов се погрижи за целосното вртење од „еден во два“, додека првиот гол за струмичани го постигна Маронг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни