Поврзете се со нас

Македонија

Брегалница го соопшти наследникот на Здравков

Објавено

на

Најслабиот тим во домашниот фудбалски шампионат Брегалница го соопшти наследникот на Горан Здравков кој ја напушти функцијата прв тренер по серијата негативни резултати .

Клубот од Штип одлучи испразнетото место да го пополни со искусниот Трајче Сенев кој ќе има една и единствена задача, да избори опстанок во елитното друштво.

Тоа нема де биде едноставна и лесна мисија со оглед на позицијата на Брегалница, но Сенев си има соочено со доста предизвици во кариерата, па управата верува дека тој ќе успее да го извлече најдоброто од екипата која е на 12. место во ПМФЛ.

„Сините“ во 26. рунда ќе го пречекаат тимот на Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни