Поврзете се со нас

Македонија

Брегалница го освои Кавадарци за победнички крај на годината

Објавено

на

Фудбалерите на Брегалница славеа над Тиквеш со 3-1 во првиот меч од последната 18. рунда за оваа календарска година во Првата македонска лига.

Клубот од Штип дојде до трите бода со пресврт во второто полувреме. Имено во првте 45 минути Тиквеш поведе преку Каракамишев во 16 минута за да во 43 Стојанов промаши пенал за израмнување.

Во вторите 45 минути Брегалница беше далеку поефикасна пред голот на домаќините и преку Манев, Ѓокиќ и Азиновиќ запиша триумф, триумф број осум со кој е на четвртата позиција на табелата.

Oстанатати мечеви се играа утре од 13 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни