Поврзете се со нас

Македонија

Брегалница го договори и Хрватот Азиновиќ

Објавено

на

Екипата на Брегалница која во нареднава сезона одново ќе ја гледаме во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) договори уште едно засилување во дефанзивната линија-тоа е Хрватот Антонио Азиновиќ.

Азиновиќ има 29 години, висок е 191 сантиметар и во Штип доаѓа од словенечкиот суперлигаш Табор Сежана.

Претходно има настапувано во Хорн од Австрија и Брезице од Словенија, па со своето искуство треба да помогне за поцврста одбрана на Брегалница која не треба да заборавиме го доведе и поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Мојсов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни