Бразилското обвинителство му ги „замрзна“ банкарските сметки на Роналдињо, состојбата на истите е шокантна

ronaldinjo-best

Роналдињо во последните две години може да се забележи на различни краеви ширум светот исполнувајќи спонзорски договори и постојано е дел од различни хуманитарни и ревијални дуели, а последна негова таква мисија беше онаа во Азија каде беше почесен гостин во Кина и Јапонија.

Големата фудбалска ѕвезда напоредно со ова, ја претставува и Барслеона во светски рамки како амбасадор на каталонскиот гигант, но во последно време, најмалку популарен е во својата родна земја каде сега обвинителството му ги „замрзна“ сите сметки кои се на негово име.

Имено, обвинителството во Бразил ги блокирало сите сметки на име на Роналдињо и неговиот брат Роберто, бидејќи двајцата се прогласени за виновни во спор со кој го оштетиле урбаниот изглед на Порто Алегри. Роналдињо и неговиот брат се прогласени за виновни и треба да платат 2 милиони евра за градење објект на недозволено место, а откако двајцата не се појавиле пред судот и одбиле да ја исплатата споменатата сума, властите во Бразил ги „замрзнале“ сите банкарски сметки на легендарниот фудбалер.

Верувале или не, Роналдињо на своите сметки имал вкупно 24 бразилски реали, или поточно 6 евра. Бразилското обвинителство не го крие чудењето и шокот од банкарските сметки на Роналдињо, но истовремено повеќе од јасно е дека Бразилецот добро се подготвил за вакво сценарио, па своето богатство сигурно го пренасочил на сметки под друго име.

Facebook Коментари