Поврзете се со нас

Свет

Бразилскиот селектор потврдил дека Винисиус нема да шутира потенцијален пенал на дербито со Уругвај

Објавено

на

foto: x.com/CBF_Futebol/Rafael Ribeiro

Бразилската фудбалска репрезентација се подготвува за дербито со Уругвај во јужноамериканските квалификации за СП, а селекторот Доривал расчистил една дилема која се наметна во јавноста по претходниот натпревар.

На истиот, Винисиус не реализираше пенал за „селесао“, па очигледно тоа е причина да ја загуби улогата на прв пеналџија, нешто што Доривал го потврдил на прес-конференцијата во пресрет на мечот.

– Винисиус и Рафиња се подготвени за шутирање пенали, а на претходниот натпревар тоа го направи Вини.

– Утре ако добиеме пенал, ќе биде изведен од Рафиња. Но, важно е да кажам и како гледам на таа работа, а тоа е дека зрелоста се стекнува преку искуство. Секој спортист мора да помине низ вакви моменти во кариерата за да стигне до посакуваната цел, а ние сме тука како стручен штаб да помогнеме, – рекол бразилскиот селектор.

Уругвајците победија со 1:0 со истиот противник на домашен терен и имаат два бода повеќе на табелата во пресрет на дуелот закажан за во 1:45 часот во среда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни