Шпанија
Бразилскиот Меси сонува да игра за Барселона (ВИДЕО)

Барселона е еден од најатрактивните клубови на светот, клуб за кого сонуваат да играат многу фудбалери, но само дел од нив успеваат да го остварат својот сон.
За да играте во шпанскиот великан треба да поседувате талент, потенцијал, квалитет и да знаете да се вклопите во системот, напаѓачката игра. Еден од талентите кој Барселона ги прати е „бразилскиот Меси“ или поточно тоа е 16-годишниот Естевао Вилијан кој е дел од тимот на Палмеирас.
Се работи за нов бисер на бразилскиот фудбал, талент кој се очекува да експлодира во блиска иднина и затоа него го следат и тимови како што се Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Арсенал…но ако тој би можел да бира би се преселил во Барселона.
-Да играм за Барселона е мојот најголем сон, тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Роден сум гледајќи ги Нејмар, Меси и (Луис) Суарез како играат за Барселона и тоа е сонот што го имам. Го гледам скоро секој натпревар на Барса, навивач сум на клубот. Имам големо воодушевување од играчите кои играат таму и се надевам дека ќе бидам таму -вели Еставао кој би сакал да игра на новиот Камп Ноу.
-Да, тоа би било остварување на сонот, -порачал тинејџерот за „Мундо Депортиво“.
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча