Поврзете се со нас

Италија

Бразилскиот капитен за најголемиот проблем: Сакав да ја завршам кариерата во Реал на 24 години!

Објавено

на

foto: https://twitter.com/juventusfcen

Данило беше капитен на Бразил на последните неколку меча откако пристигна Доривал Жуниор како селектор на „кариоките“, а бидејќи се очекува да ја носи капитенската лента и на Копа Америка, неговата последна изјава предизвика уште поголемо внимание.

Играчот на Јувентус стекна завидно фудбалско портфолио и претходно настапуваше и за Реал Мадрид и Манчестер Сити, но навраќајќи се на својот престој во шпанската престолина, се потсети на најтешкиот период во својот живот.

Данило пристигна во Мадрид во 2015-та година од Порто во трансфер висок 32 милиони евра и во тој момент беше најскап дефанзивец во историјата на „кралевите“, нешто што му донесе непотребен притисок со кој тешко можеше да се справи.

– Во првата сезона во Реал Мадрид патев од депресија и бев решен да го напуштам фудбалот. Се загубив во Мадрид, се чувствував бескорисно, не можев да направам пас подолг од пет метри, како да не можев да се движам на теренот. Мојата страст кон фудбалот полека се губеше и не гледав светлина на крајот од тунелот. Сакав да се вратам во Бразил и никогаш повеќе да не заиграм фудбал.

– Најлошо беше по мечот со Алавес. Направив грешка и Тео Ернандес центрираше за гол. Тоа беше грешка која не смее да си ја дозволите во Реал Мадрид, никогаш нема да заборавам колку ми беше тешко таа вечер. На моите најблиски им напишав порака дека го напуштам фудбалот, тогаш имав само 24 години, – се потсетува Данило.

– После тоа, депресијата стануваше се поголема и имав многу тешки месеци. Почнав да посетувам психолог и тој ми ја спаси кариерата. Ја нучив најважната лекција со психологот, ме натера повторно да го гледам фудбалот низ призма на очи на мало дете, – открива Данило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни