Бразилски „Глобо“ : Јувентус со неодолива понуда се вмешува во операцијата „Нејмар“

nej-kosa

Шпанските медиуми денеска на големо пренесоа дека Барселона и ПСЖ полека влегуваат во напредни преговори за таканаречената операција „Нејмар“, играч кој самостојно побара да си замине од „Паркот на принцовите“ поради недостигот на мотив да игра во Лига 1 во новата натпреварувачка сезона.

Раководството на ПСЖ прави секакви напори за да му ја исполни желбата и веќе води преговори за негово заминување, но тоа не значи дека ќе се ослободи од него по секоја цена, бидејќи добро познато е колку пари издвоија „светците“ за да го доведат пред две години од „Камп Ноу“. Заминувањето на Кутињо во Баерн ослободи големата плата во Барселона и денеска беше пренесено дека тоа може да биде пресудно во преговорите меѓу двата клуба, но оваа вечер доста изненадувачка вест пристигна од Бразил, од каде угледниот „Глобоеспорте“ се јави со своја ексклузива.

Познатиот весник од родната земја на Нејмар пренесува дека Барселона добил и италијански конкурент за Нејмар, потенцирајќи го Јувентус како клуб кој одлучил да направи сензационален чекор. „Глобо“ пренесува дека Јуве испратил неодолива понуда до ПСЖ за Бразилецот, нудејќи го Пауло Дибала, но и дополнителна финансиска отштета со која вкупно би биле надминати 222 милиони евра кои францускиот шампион и ги плати на Барселона.

Засега нема никаква потврда за последната информација која пристигна од Бразил, но повеќе од јасно е дека се поблиску е денот кога ПСЖ ќе мора да пресече и да донесе конечна одлука за иднината на својата незадоволна ѕвезда.

Facebook Коментари