Поврзете се со нас

Англија

Бразилската полиција не нашла докази за обвинувањата на сметка на Антони

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Истрагата на бразилската полиција за пријавата за домашно насилство на Антони завршила без последици за фудбалерот, бидејќи не се пронајдени докази кои може да му бидат предадени на обвинителството.

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед беше обвинета за насилство од дури три жени, а останува под истрага на полицијата во Англија, бидејќи за еден случај пријавата е локациски поврзана со хотел во Манчестер.

Антони привремено беше ослободен од обврските од Манчестер Јунајтед кога се појавија информациите за поднесените обвиненија, неколку недели подоцна се врати во составот, но не го испорача она што се очекуваше од него во редовите на „црвените ѓаволи“.

Менаџерот Ерик тен Хаг неколку пати потврди дека случајот имал директно влијание врз формата на Бразилецот, за кого Јунајтед плати дури 82 милиони фунти.

Претходно, Мејсон Гринвуд беше обвинет за насилство и силување и беше отстранет од тимот, за судот да го ослободи поради недоволно докази. Младиот напаѓач со тоа ја прокоцка шансата да биде идна ѕвезда на Јунајтед и по заемот во Хетафе, сега се пресели во редовите на Олимпик Марсеј.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни