Поврзете се со нас

Олимписки игри

Бразилска одбојкарка ги прекршила анти-допинг правилата, нема да игра на најважните мечеви на ОИ

Објавено

на

Женската одбојкарска репрезентација на Бразил денеска ја очекува дуел против Јужна Кореа во полуфиналето на Летните Олимписки Игри во Токио, дуел на кој фаворитот нема да може да смета на една од своите најдобри играчи Тандара Каишета.

Каишета е обвинета дека ги прекршила анти-допинг правилата и истата повеќе нема да игра за кариоките на ОИ. Таа е суспендирана, ќе си замине од олимпиското село, односно предвреме ќе се врати во својата татковина.

Инаки тестот на Тандара бил направен на 7 јули за време на подготовките нза Бразил за Токио. Одбојкарката веќе се огласи на социјалните мрежи и порача дека ќе зборува на истиот кога случајот ќе се затвори.

Во случај да самба девојките денеска го потврдатат статусот на фаворити, тогаш во финалето за златниот медал ќе се борат со САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни