Поврзете се со нас

Свет

Бразилецот Роналдо го состави најдобриот тим на сите времиња (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ronaldo

Роналдо Назарио беше во посета на еден аматерски клуб во Англија и незаборавното и необичното попладне на Островот го заврши со ексклузивно интервју за „Деили меил“, од кое дефинитивно можат да се извлечат голем број интересни наслови.

Изјавите за Џуд Белингам и Килијан Мбапе веќе беа пренесени од сите останати медиуми во светот, но познатиот британски весник денеска го објави и видеото на кое „Феноменот“ всушност го составува најдобриот тим на сите времиња.

Се работи за тим од играчи кои биле на врвот на кариерите во различни фудбалски генерации, а интересно е тоа што во самиот врв на нападот се смести и себеси покрај Кристијано Роналдо и Лео Меси.

На голот му најде место на Џиџи Буфон, на бековските позиции по левата и десната страна ги смести сонародниците Роберто Карлос и Кафу, додека како најдобри стопери во историјата ги издвои Паоло Малдини и Фабио Канаваро.

Во необичниот среден ред ги смести Зидан, Марадона и Пеле, а ултра-офанзивната формација ја заврши со себе, Кристијано и Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни