Поврзете се со нас

Свет

Бразилецот пронајде ангажман: Пато ќе му биде соиграч на Нани во МЛС лигата

Објавено

на

Некогашниот напаѓач на Милан и Челси и воедно екс бразилски репрезентативец, Алешандре Пато пронајде нов ангажман и во иднина ќе настапува во МЛС лигата во составот на Орландо Сити.

Пато беше слободен агент, а клуб кој беше најконретен за неговиот потпис беше Орландо кој со ова додаде уште една поголема фудбалска ѕвезда со оглед на тоа што тука од 2019 е Луис Нани.

Бразилецот во досегашната кариера освен во Европа и татковината има настапувано и во Кина. Во Орландо ќе го носи дресот со бројот седум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни