Поврзете се со нас

Свет

Бразилецот не се менува и на 40 години: Мело доби еден дуел, па почна да се дере како луд во лицето на противникот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.flashscore.co.uk/

Фелипе Мело е активен и во 40. година од животот и го носи дресот на Флуминенсе каде треба да биде вистински лидер и пример за помладите, но Бразилецот отсекогаш бил карактеристичен лик, „лудак“ кој знаел да се исклучи на теренот, да води вистинска војна со противниците.

Токму Мело имаше свои моменти на пресметката со Ривер Плата која се играше во Копа Либертадорес, меч на кој аргентинскиот тим славеше со 2-0.

Ветеранот влезе во конфликт како со навивачите така и со домашните играчи, а најмногу се истакна со потегот во 20 минута кога убаво се загради при еден дуел, а потоа почне да лудува и да му се дере во лице на Николас Де Ла Круз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни