Поврзете се со нас

Шпанија

Бразилецот имаше замислено поинакво сценарио: Винисиус предвреме почна да го слави пеналот на Бензема (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Винисиус Жуниор очигледно е дека има преголема верба во Карим Бензема, до толку што вчера почна да слави гол уште пред Французинот да се залета кон топката.

За негова несреќа, Бензема излезе како губитник во третиот дуел со голманот Ерера во последните неколку месеци, бидејќи голманот на Осасуна еуфорично славеше уште една директна пресметка со Французинот.

По двете одбрани на мечот во Памплона минатата сезона, Бензема сега реши да бие силно и да не му даде никаква шанса на Ерера, но неговиот удар заврши во гредата.

Промашувањето на Карим стана вирално и поради реакцијата на Винисиус, кој почна да слави уште пред шутот на Бензема, па во еден момент тргна и лево со цел да биде првиот кој ќе му честита на соиграчот.

Наместо тоа, гредата беше сојузник на Ерера, а Реал го запиша првиот кикс во новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни